Почитувани,
Како посетител, корисник и купувач, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.prokom.mk, внимателно да ги прочитате. ПРОКОМ СИСТЕМИ не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Цените на сите производи на www.prokom.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. Процесот на регистрација е многу едноставен, доколку се одлучите да бидете регистриран корисник на нашиот сајт. За започнување на процесот на регистрација, потребно е да кликнете на полето `Регистрирај се`, кое стои на врвот на страницата, веднаш до полето `Кошничка` и `Омилени производи`. Ќе се отвори нова страница со две опции, `Најави се` и `Регистрирај се`. За да се регистрате, потребно е во делот `Регистрирај се` да пополнете формулар со Вашите лични податоци, кој воедно се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате на сајтот, Вашиот профил ќе биде веќе постоечки, и потребно ќе биде само впишување на Вашето корисничко име и лозинка.
Доколку сте веќе регистриран корисник, во делот `Најави се` потребно е да се најавите со Вашето корисничко име и лозинка
Избирање на производ
На почетната страница постојат неколку механизми преку кои Ви е овозможено поедноставно и подобро пребарување на понудените производи. Со кликнување на опцијата `Производи`, која стои најгоре на нашата страница, добивате содржина од сите категории на производи кои моментално се достапни за продажба. Понатаму, на предната страница стои опција за пребарување преку опцијата `Брендови`, со мени кое ги нуди сите производители кои во моментот на пребарување се понудени на нашата веб страна.
За Вашето пребарување да биде попрецизно, имате и неколку дополнителни филтри за да ги подредите сите производи по Ваша желба. Така од левата страна на страницата, се наоѓа филтер, преку кој може да сортирате производи по категорија, подкатегорија, производител и цена. Третиот механизам е понуда на препорачани производи, кои се на промоција/попуст, и стојат во делот `Препорачани производи `, и последниот дел е на понудениот дневен акциски производ со топ цена. Штом изберете производ кој Ве интересира, со кликнување на сликата, се отвара нов прозорец кој ги сорджи деталните информации за производот. Од десната страна на сликата, имате опции за да го ставите производот во секцијата `Додај во кошничка` или `Омилени`.
Содржина на кошничка
Кошничката ги содржи сите производи кои Вие сте ги додале и сте заинтересирани да ги купите. Тука можете да ја зголeмите или намалите количината на производи кои сакате да ги купите, и лесно може да избришете производи за кои веќе не сте заинтересирани да ги купите.
Нарачување и плаќање на производи од кошничка
Откако ќе го изберете производот кој сакате да го купите, со стискање на опцијата `Кон плаќање`, се отвара нова страница каде имате опција да се најавите, регистрирате. Понатаму, го избирате начинот на плаќање. Во овај момент имаме два начини на плаќање:
- Плаќање на трансакциона сметка по добиена профактура
- Плаќање во просториите на Проком Системи при подигнување на нарачката
По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на примена нарачката и резервација на производот и/или услугата.
Веднaш после нарачката, откако ќе се потврди достапноста на производот, Вие ќе добиете порака дека производот е достапен и профакура за плаќање.
Достава
Доставата на нашите производи ја врши курирска служба/карго. Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 6000 ден. Во спротивно се наплаќа 150 ден. за испорака. Курирот ќе го достави Вашиот производ на наведената адреса во период од 08-16 часот во секој работен ден од Понеделник до Петок. За купувачите од Битола производите можи да ги подигнат од Продажниот салон на Проком Системи.
Моја кошничка
избриши кошничкаОмилени производи