0
0

За Проком.мк

Почетна За Проком.мк

За Проком.мк

Контактирајте не

Проком Системи е македонска компанија во бизнисот на производство, дистрибуција и сервис на ИТ производи која што е основана во септември 2002 година.

Проком Системи во својата пазарна ориентација развива два пристапи: еден кон крајните индивидуални корисници преку малопродажба, а другиот со реализирање на компјутерски мрежи и информатички системи во приватни компании и јавни претпријатија.

Корисниците на информатичка опрема и услуги го препознаваат квалитетот, така да Проком Системи денес можи да се пофали со завидна листа на референци и голем број на задоволни клиенти.

Проком Системи има на располагање квалификувани експерти задолжени за различните сегменти во процесот на водење на бизнисот, како што се набавка, логистика, продажба, маркетинг и техничка служба. Продажбата секако е најважниот дел во процесот на остварување на профит. Примарна задача на продажбата е да креира професионален однос кон сите клиенти. За таа цел во Проком Системи покрај производите, обезбедуваме и ИТ решенија за потребите на нашите клиенти. Самата продажба за Нас не е тешка задача имаќи во предвид дека до чинот на продажба , во сегментот на навремено обезбедување на адекватни производи според потребите на пазарот, работата е одлично завршена. Голема компаративна предност на фирмата е цврстата поврзаност помеѓу продажбата и логистиката. Ваквата организациона поставеност овозможува клиентите да ги добијат сигурно и навремено порачаните производи и услуги. Стручната и навремена техничка подршка во бизнисот со продажба, монтажа и сервис на ИТ производи е уште еден искључително важен сегмент за задоволување на потребите на клиентите.

Денес кога производителите на компоненти исфрлаат на пазарот нови производи, кога оперативните системи и апликативниот софтвер константно се надградуваат, потребна е квалификувана и професионална служба која можи да излези во пресрет на потребите и барањата на корисниците.

Потребната техничка подршка се обезбедува во просториите на Проком Системи, преку телфон,електронска пошта или ВЕБ страната на фирмата која е во постојан процес на надградување и осовременување. Сервисот се извршува во просториите на Проком Системи од тим на професионално обучен и искусен персонал.

Prokom Sistemi © 2024.

All rights reserved.

Powered by DigitalCentar

Моја кошничка

избриши кошничка

Омилени производи