0
0

Општи правила и услови

Почетна Општи правила и услови

Општи правила и услови

Предмет на овие Општи правила и услови е утврдување на истите при користење на веб страната www.prokom.mk во сопственост на Проком Системи Дооел Битола за добивање на информации со пребарување, споредба, купување и плаќање на понудените производи и/или услуги. Ве молиме, прочитајте ги овие правила и услови за користење, пред да ја употребувате оваа интернет страна. Со самото употребување на интернет страната потврдувате дека се согласувате со одредбите на овие правила и услови за користење. Ве молиме да не ја употребувате интернет страната доколку не ги прифаќате овие правила и услови за користење.
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови за користење на веб старната:
Посетител на страната е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.prokom.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на ПРОКОМ СИСТЕМИ.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на ПРОКОМ СИСТЕМИ нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ПРОКОМ СИСТЕМИ.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со ПРОКОМ СИСТЕМИ се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на ПРОКОМ СИСТЕМИ.
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ПРОКОМ СИСТЕМИ ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.prokom.mk 24 часа во денот.
Во случај на привремена недостапност на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ПРОКОМ СИСТЕМИ, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.
Сите податоци и информации објавени на интернет страната на ПРОКОМ СИСТЕМИ се од информативен карактер. ПРОКОМ СИСТЕМИ не дава гаранции во врска со точноста и комплетноста на содржината, материјалите, софтверот или услугите на оваа страница. Во таа смисла, Ве известуваме дека сликите кои се појавуваат на интернет страната, со цел илустрација на производите, не секогаш можат да ги прикажат изгледот или вистинските карактеристики на производите, како што се боите, големините или формите, кои во одредени случаи може да не се совпаѓаат со описот (содржината) на соодветниот производ.
ПРОКОМ СИСТЕМИ може во секое време, без претходна најава, да изврши промени во содржината, функционалноста или услугите на оваа интернет страна или на производите, цените и достапноста објавени на неа.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење за комерецијални целина од интернет страната на ПРОКОМ СИСТЕМИ е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на ПРОКОМ СИСТЕМИ.
ПРОКОМ СИСТЕМИ Ве информира дека оваа интернет старна користи текстуални датотеки наречени "cookies". Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате.

Prokom Sistemi © 2022.

All rights reserved.

Powered by DigitalCentar

Моја кошничка

избриши кошничка

Омилени производи