Начин на плаќање
Купувањето на производите се врши во продажните салони на Проком Системи.
Плаќањето на производите можи да се изврши на следните начини :

1. Готовински, при што се издава фискална сметка и гаранција
2. Со електонска картичка (VIZA ,Viza Elektron, Master, Maestro)
3. По про-фактура на жиро сметка
4. На рати со користење на потрошувачки кредит пркеу ALPHA BANK


Условите за купување со Алфа наменски потрошувачки кредит се следните:

Износ на кредитот:
12.000 МКД - 300.000 МКД

Корисници:
• Физички лица - државјани на РМ
• Старосна граница од 18 до 65 (возраст до 65 год. при доспевањето на последниот ануитет од кредитот)

Критериум:
• Кредитобарателот да не биде постар од 65 години при доспевање на последниот ануитет
• Кредитобарателот да биде во редовен работен однос минимум 12 месеци или да биде пензионер

Учество на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечните примања да изнесува најмногу 40%

Рок: Од 12 - 48 месеци

Начин на отплата: Месечни ануитети

Предвремена отплата: 0% казнена провизија за предвремена отплата

Каматна стапка (променлива):

-За првите три месеци:
• МКД 8%

-За останатите месеци:
• МКД 11,25% (СВТ 11,40%) - за клиенти кои примаат плата преку Алфа Банка АД Скопје и се корисници на други два производи/услуги на Алфа Банка АД Скопје
• МКД 11,50% (СВТ 11,64%) - за клиенти кои примаат плата преку Алфа Банка АД Скопје
• МКД 11,75% (СВТ 11,88%)- за останати клиенти

Трошоци: 2% - провизија за администрирање на кредит (еднократно при исплата на кредитот)

Предодобрување: истиот ден, по внесување на апликацијата преку интернет

Одобрување: максумум 5 работни денови по достава на комплетна документација

Потребни документи:

• Пополнета апликација, потпишана од кредитобарател и кокредитобарател/ите
• Копија од лична карта/пасош на кредитобарател и кокредитобарател/ите
• Копија од последна платена сметка (струја, вода, фиксен телефон) доставена на домашна адреса (за да се потврди местото на живеење)
• Потврди за кредитобарателот (и кокредитобарателот/ите) дека се во работен однос на неопределено време најмалку 12 месеци и износ на плата   на образец од Алфа Банка АД Скопје (заверен и потпишан од овластени лица кај работодавецот, не постар од 30 дена):

   o За вработени во буџетски установи, јавни претпријатија, акционерски друштва и други приватни познати компании се бара       потврда за просечна плата во последните 3 месеци

   o За вработени во мали приватни компании се бара потврда за просечна плата во последните 12 месеци, како и:
      - 3 извештаи ПП 53 - Декларација за прием од УЈП за исплатена плата за последниот месец, од пред 6 месеци и пред 1 година
      - М1/М2 образец за кредитобарателот и за кокредитобарателите

   o За трговци-поединци, сопственици на мали претпријатија, самостојни вршители на дејност т.е. адвокати, нотари, извршители и       др. се бара потврда за просечна плата во последните 12 месеци, како и:
      - 3 извештаи ПП 53 - Декларација за прием од УЈП за исплатена плата за последниот месец, од пред 6 месеци и пред 1 година
      - М1/М2 образец за кредитобарателот и за кокредитобарателите
      - Одлука за извршување на основна дејност
      - Регистрација од Централен регистар
      - Биланс на успех и биланс на состојба

   o За пензионери како доказ се зема последниот чек од пензија.

• Профактура од продавачот / Фактура пред исплата
• Изјава за поврзани субјекти
• Изјава од кредитобарател и кокредитобарател/ите дека веќе има/нема аплицирано за кредит во друга банка
• Изјава за согласност за доставување извештај од Македонско Кредитно Биро (МКБ)
Прифакаме платежни картички